Регулаторната комисија за енергетика вечерва донесе нови цени на горивата со кои тие се намалуваат во просек за 5,95 проценти во однос на одлуката од вчера.
Така од полноќ,цената на бензинот се намалува за 5 денари, а на дизелот за 6 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 81,50 денари,
на ЕУРОСУПЕР БС-98 83,50 днеари,
а на ЕУРОДИЗЕЛ 79 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 5,50 денари за литар и ќе биде 75,50 денари, додека на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,550 денари за килограм и сега ќе изнесува 56,749 денари. .






