Казнета со 247 евра за прекршување на законот за протести

Руската новинарка која упадна во директна информативна емисија на руската државна телевизија држејќи транспарент против војната во Украина, е казнета со 30.000 рубљи (околу 247 евра) поради „организирање на недозволен масовен настан“, јавува Би-Би-Си.



Со транспарент „Стоп за војната“ среде вести на ТВ

Судот ја прогласи за виновна Марина Овсјаникова за прекршување на законот за протести, пренесе агенцијата РИА.

По излегувањето од судот, Овсјаникова им се заблагодари на сите за поддршката. Како што рече, поминала речиси два дена без сон, бидејќи распитот траел 14 часа.