Досега се покренати 120 постапки по пријави за злоупотреба на европските фондови, соопшти на брифинг по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков го соопшти европската главна обвинителка Лаура Ковеши.



Ова е втора посета на европскиот „обвинител број 1“ во Бугарија, сега на покана на премиерот Кирил Петков, а главни прашања ќе бидат борбата против корупцијата и реформите во судството.

Ковеши утре ќе се сретне со министерката за правда Надежда Јорданова и со главниот обвинител Иван Гешев.

„Им благодарам на бугарските граѓани за довербата во европското обвинителство. Добивме рекорден број сигнали за можни прекршувања со европските фондови.

Сега е време бугарските власти да почнат да работат на многу чувствителни и важни случаи кај нас. Затоа сме тука“, порача Ковеши.

Според неа од 120, најмногу претставки се однесуваат на злоупотреба на земјоделски субвенции, средства за ковид, европски пари во областа на градежништвото и друго.

Официјален извештај за овие сигнали ќе биде објавен кон крајот на оваа или почетокот на следната недела.