Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го повика американскиот Конгрес да обезбеди повеќе оружје за да ѝ помогне на неговата земја да се одбрани од руските воздушни напади, објави Ројтерс.
Одговарајќи на загриженоста на претседателот Џо Бајден и многу американски пратеници дека воведувањето зона на забранети летови може да го ескалира конфликтот со Русија, Зеленски повика на повеќе авиони и системи за противвоздушна одбрана.
Русија го претвори украинското небо во извор на смрт, нагласи тој на видео средбата на Претставничкиот дом и Сенатот. Мораме да го заштитам нашето небо“ рече Зеленски
Онлајн обраќањето на Зеленски дојде еден ден откако тој побара од канадскиот парламент повеќе западни санкции против Русија и воведување зона на забранети летови над неговата земја од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.
Вчера, Бајден потпиша предлог-закон за итна помош од 13,6 милијарди долари за Украина за да и помогне да добие повеќе оружје и хуманитарна помош.
Претставник на Белата куќа рече дека се очекува Бајден да објави дополнителни 800 милиони долари за безбедност на Украина подоцна денеска..






