Украина V.S Русија во Фаза 4 – пишува Даме Чкатроски

Светот кој го познававме, престанува да постои. Во новиот свет нема да биде ништо како што беше до денес.



Финансиските кругови пресметуваат дека секој месец со војната во Украина, Русија и Украина и светот губат помеѓу 500 и 1000 милијарди долари. Секој месец.

Приказната почна со 40 изјави на Путин, Лавров и Захарова со се нивните дека Русија нема да ја нападне Украина. Овај мал детал во оваа ситуација ќе биде со невидени реперкусии во годините што идат.

Ова нормално не се однесува и не го загрижува народот.

Втората теорија на пропагандата беше дека Русија нема да дозволи да граничи со НАТО.
Ваква теорија помина одлично кај неупатените. Русија од формирањето на НАТО секогаш граничела со НАТО. Преку Норвешка со Мурманск, САД со Русија, Аљаска па до Турција со СССР и Русија.

Потоа се сепна пропагандата па удри на биолошки лаборатории. Тотално пролупаа и да на крај од денес веројатно ќе читаме за уште повалкани работи како продажби на органи, деца и ескими.

Секоја војна без исклучок носи вакви пропаганди од најдолен тип.
Затоа војните се лоша работа.

Инаку Русија недвосмислено, безрезервно го поддржа бомбардирањето на НАТО на цели во она што остана од СФРЈ, Србија, Црна Гора и Косово.

Денес на Косово имаат САД голема база. Сите испитувања на Европските агенции кажуваат дека нема никакви знаци на загадување на почвата и воздухот од осиромашен ураниум.
Кај публиката има. Има затоа што медиумите кои го тврдат ова се индиректно поврзани со загадувачите во Србија, Косово и Македонија.

Едвај и филтри наместија по онаа фамозна седница на владата на Македонија каде Груевски од црвен до пребледен ги повикал сите загадувачи и им дал рок да стават филтри и повеќе да не финансираат медиуми со лажни приказни за осиромашениот ураниум како загадувач од војната.

Знаеме за таа средба и стенограми и учесници. Доволно. И Груевски и Вмро-Дпмне беа неволни ова да го споделат добро со јавноста. Знаете, се губат гласови од запалените кои и денес го тврдат истото.

Ова е приказ мал за будалштините на човештвото, партиите и рејтинзите.

Второ за обичните граѓани пак ни владата ни опозицијата објасни дека ние сме во НАТО.
Немаат ни трошка храброст ни СДСМ ни Вмро-Дпмне да им соопштат на граѓаните дека-Ние сме НАТО.
Широко е манипулативното поле дури се кради. А, да се кради треба да се контролира рејтингот и да се добиваат избори. Некои со брашно, сладолед, масло, дрва на црно за огрев и така.

Инаку е познато дека двете партии се поврзани и со бизниси и со Украина и со Русија.

Затоа е така фино ретерирањето и е оваа целосна манипулација на медиумите.

Главен пробем е сега за Македонија гасот. Зоран Заев веќе 5 години не успеа да не поврзе со Александрополис.

Таму од кај нас нема ни задолжен тоа да го види до каде е. Се сведе сето тоа на односите со Копузелос групата и уште 2-3 ликови кај нас со разни приватни операции и толку.

Ние од Струмица правиме меѓународна политика и односи. Разни стратегии и чудни проекти и уште по чудни аранжамани.

Оркестарот ни е толку раштиман да нема ни да се состави.

СДСМ или Вмро-Дпмне и сега и после ќе се на страната на ставовите на НАТО, заради што сме ние НАТО.

Тоа значи дека и СДСМ и Вмро-Дпмне ќе се на страната на Украина. Во НАТО има помали земји од нашава инаку.

Функционерите на двете партии се страшно уплашени од оваа војна. Посебно се уплашени од сопствената неекипираност и капацитетот на земјата за која двете партии си се посебно виновни.

За ДУИ каде е, не сакам ни да зборувам. Тие си се секогаш точно кај што треба и дијаметрално спротивни на ставовите на Левица.

Руската војска се наоѓа во невидена пат ситуација.

Прашање е дали да истурат 1 милион мобилизирани во Украина или да чекаат мировни преговори.

Разочараноста на тие Про-Путин е еднаква на Зеленски и неговото Про-НАТО.

Впрочем ниту Зеленски мислеше реално дека Украина ќе е членка на НАТО ниту пак Про-Путинистите мислеа дека Москва нема ништо со комунизмот туку со огромни капиталисти кои правдата за која сонуваат ама баш не се наоѓа во Москва. Да бараш светска правда од Москва е исто како да мислиш дека некаков со јахта од 150-200 метри ќе ти даде благосостојба и правда.

Чичковците од 55-70 години се скоро сите до еден членови на путиновата бивша инситутција. (КГБ)

А, таму ништо не е лесно и се е комплицирано. Најмалку е правдата во прашање. Хуманизмот никогаш.
Ова разочарување ќе го читаме секој ден по јавните мрежи. И тоа сме, во тоа и со тоа живееме.

Украина е процентуално православна исто со Русија. Загрижува односот на православните цркви по оваа војна.

Ништо и не очекувавме од Кирил кој е на привремена работа од полковник на КГБ да изиграва поглавар на РПЦ.

Ќе има тешки консквенци оваа авантура по секоја земја во Европа и во светот ама најмногу во Русија.

И пак Борел дојде во Македонија. Нешто го гушела жената па си нашол рачка да не коси трева и да и речи,заминав службено.

Нашите го пречекаја тотално неподготвени за ова време невреме.
Губиме неверојатни важни минути и секунди, неподготвени.

На Европа нашите се плашат да и постават две прашања:
1.Дали мислат Западен Балкан да го стават во новата Енергетска Агенда на Европа
2.Дали мислат Западен Балкан да го стават во новата одбрамбена политика на Европа
3.Дали сметката што Македонија ќе ја плати, тие мислат делумно да ја платат.

Нам овие 3 работи ни се далеку поважни отколку некаков датум. Тоа сега, потаки.

Ако Еу има воља за нас може да ја покажи практично. Ако не – просто е –
Ние можеме нашата надворешна политика да не ја калибрираме со таа на ЕУ.
Рано е за тоа.

Ако сакаме да играме остро има две земји со кои остро би ја играле надворешната политика во малку поширока смисла.

Едната е САД а друга Британија. Ако имаме храброст – па ајде да играме и ние остро.
Веќе ни е смачено од добра воља и удварање.
Уште по едноставно – Не можеме да им го намалиме егото и конфорот на ЕУ, еве се обидуваме.

Зборуваме за земја со 1,8 милиони жители. Кога нас не можат да не решат тие во Украина нема ништо да можат да решат доколку не се уплашени како денес.

За нашата скромна надоврешна политика ни се доволни НАТО, САД, Британија, Турција и Грција. Ете и Опен Балкан. Другото во овој момент е веројатно недостижно.

Воопшто не е јасно зошто трошиме енергија и се умислуваме дека сме некоја битна и голема земја.

Подобра би била стратегијата да донесиме фабрики од Украина и народ од таму да работи во нив. Дури со вакво празнење на државата тоа ни е поголем приоритет од Европската Унија.