Рускиот милијардер доби португалско државјанство во април 2021 година врз основа на закон кој нуди натурализација на потомците на сефардските Евреи кои беа протерани од Пиринејскиот Полуостров за време на средновековната инквизиција.
Истрагата на Институтот за матични книги и нотари (ИРН), кој обезбедува услуги за државјанство и пасош, започна во јануари поради критиките од некои активисти, коментатори и политичари, кои оценија дека законот треба да се ревидира бидејќи според нив, го користат руските олигарси да се етаблираат во ЕУ.
Во јануари португалското обвинителство покрена втора истрага за доделување државјанство на Абрамович, а во зависност од исходот може да му биде одземено државјанството.
Рабинот задолжен за издавање на документот потребен за добивање државјанство, наводно, бил уапсен минатата недела.






