Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази задоволство од владината уредба за употреба и на албанскиот јазик покрај македонскиот на униформите на припадниците на Министерството за внатрешни работи.
„Владата ги одобри измените во Уредбата со која се официјализира употребата на албанскиот јазик на полициските униформи. Уште една успешно завршена задача согласно Уставот и Законот, која го одразува строгото спроведување на принципите на еднаквост како гаранција за напредокот на нашата земја“, напиша Ахмети на Фејсбук.






