Антикорупциска најави иницијатива за кривично гонење на „непостоечка“ фирма, која со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година и добила околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства, открива Фактор.
Од ДКСК нагласуваат дека не смеат да го објават името на фирмата, но изразуваат надеж дека за овој случај ЈО ќе постапи експресно.
Оваа фирма била поврзана уште со две други фирми од Скопје, кои работат исто така на монтажа, сервисирање и одржување лифтови, од причина што управителот на оваа фирма е вистински сопственик на овие два други трговски субјекта.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе достави иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување известување до Владата, на седница да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма.







