Активисти на партиите БЕСА и Алијанса на Албанците деновиве интензивно работат со своите активисти кои ги повлекуваат од интернет просторот меѓусебните обвинувања меѓу двете партии кои што сега договараат коалиција за вториот круг на изборите.
Со посредство на албанскиот премиер Еди Рама кој вчера во Скопје се сретна со премиерот Заев, лидерот на опозицијата Груевски и лидерот на ДУИ Ахмети, двете партии се обидуваат да договорат заеднички фронт против ДУИ.
По вчерашната заедничката средба со Рама лидерите на двете партии Касами и Села и други партиски претставници започнале разговори за коалицирање против ДУИ.

Со здружени сили БЕСА и Алијанса на Албанците имаат реални шанси да добијат неколку големи општини како Тетово, Струга, Чаир и Гостивар но сега двете партии имаат проблем со дел од јавноста која беше сведок на жестоки престрелки во кои на социјалните мрежи беа пласирани тешки обвинувања.
Активисти на БЕСА која што важи за партија која што високо ги вреднува религиозните вредности го обвинуваа Села дека не е добар муслиман затоа што пие пиво односно алкохол.
Од другата страна пак активисти на Алијансата на Албанците на Фејсбук ширеа обвинувања дека БЕСА е поврзана со исламски радикализам кој што не е дел од Евроатланската агенда на Албанците.
Откако во неделата стана јасно дека двете партии доколку не се здружат во вториот круг ќе ги загубат најголем дел од градоначалничките битки каде што се борат против ДУИ, партиски активисти ги бришат фотографиите и пишаните обвинувања против екс противникот а сега нов партнер.
Дел од тешките зборови и фотографии сепак сеуште можат да се најдат на социјалните мрежи.





