Универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов вели дека омразата на бугарскиот копретседавач со Мешовитата историска комисија, Ангел Димитров, кон Македонија е безгранична и дека тој е вистински претставник на „неофашистичката идеологија во Бугарија кој има официјален статус и позиција“.



Димитров: Белград и Скопје ќе бидат „тројански коњи“ на Москва во ЕУ

Во анализа на Ангел Димитров, копретседателот на Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Македонија, меѓу другото се вели:

„Москва нема ништо против евроинтеграциите на Белград и Скопје, бидејќи – со оглед на нивното политичко наследство – тие ќе бидат многу потребните „тројански коњи“ во Европската унија“.

„Не е јасно само зошто нашите медиуми му даваат толку простор на неговиот говор на омраза кон Македонија и Македонците и зошто МНР официјално не побара тој да биде или вразумен или сменет од позицијата што му е доделена“, вели Спасов за Фокус во врска со последната колумна на Ангел Димитров.