„Зголемени се за дури 31 милиони евра добивките на македонските банки во минатата година во однос на една година претходно, односно 2020 година. Според најновите податоци кои ги објави Народна банка на Македонија, во 2021 година сите банки оствариле вкупна добивка од околу 150 милиони евра. Во однос на 2021 година, кога домашните банки прикажале вкупен профит од 118 милиони евра, излегува дека нивната заедничка добивка е зголемена за 31 милиони евра.“ – вели Нина Нинеска-Фиданоска во својата анализа со наслов „ Нови рекорди: Банките лани натрупале профит од 150 милиони евра, сега се 13 банки“, која ја објави информативниот портал „Фактор“.
Нинеска-Фиданоска пишува: „Ниту ковид-кризата, ниту постковид-кризата не им можела ништо на домнашните банки: тие продолжиле да ги трупаат и натаму своите профити. Веќе на крајот на минатата година во земјава има 13 банки, наспроти претходната состојба кога имаше 14 банки, се до јуни лани, кога се споија Шпаркасе и Охридска банка. Сега во регистерот единствено е наведена Шпаркасе банка.“
„Сега во Македонија и натаму постојат пет големи банки: Комерцијална, Стопанска банка Скопје, НЛБ Банка, Халк банка и Шпаркасе банка. Големата банкарска петорка лани направила добивка од вкупно 135 милиони евра, зборуваат показателите на централната банка. Наспроти 101 милиони евра колку што големите банки имале добивка на крајот на 2020 година, тоа значи зголемување за 34 милиони евра.“
„Што ги зголеми лани банкарските добивки?“
„Како и вообичаено, најголемиот дел од приходи на банките, се темели на нето приходите од каматите, односно разликата од каматните стапки по кои тие даваат кредити и оние кои ги плаќаат на штедачите за нивните депозити. Од нето приходи од камати банките лани заработиле 255 милиони евра, или близу 10 милиони евра повеќе од претходната година.
„Добро се ќарува и од банкарските провизии и надоместоци: лани приливот од нив бил 91 милиони евра, што е за 12 милиони евра повеќе од приходот кој по оваа основа го оствариле банките во 2020 година. Од курсни разлики банките оствариле приход од близу 19 милиони евра, што е за повеќе од два а милиона евра повеќе од претходната година.“
„Пораснале трошоците на банките за вработените. Лани стасале до 88 милиони евра, што е за четири милиони евра повеќе во однос на претходната година. Не е познато дали тоа значи дека банките си ги зголемиле платите на своите вработени, или имаат повеќе нови вработувања.“
https://faktor.mk/novi-rekordi-bankite-lani-natrupale-prtofit-od-150-milioni-evra-sega-se-13-banki





