Мурати: Да го сакаш Вучиќ повеќе од Косово е знак дека Албанија дошла до крајот на своето постоење

„Во врска со изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека преку регионалната иницијатива ‘Отворен Балкан’ од Србија ќе биде обезбедена пченица за Албанија, Шабан Мурати, дипломатот-амбасадор и политички аналитичар од Албанија, изреагира во својата објава на фејсбук со ставот: ‘Да го сакаш Вучиќ повеќе од Косово покажува дека Албанија стасала до крајот на своето постоење’ – јави весникот на албански јазик „Лајм“.

„Лајм“ ја пренесува објавата на Мурати, кој вели:
„Деградација.“
„Водачите на Албанија го даваа животот за Тито. Го даваа животот за Сталин. Го даваа животот за Мао Це Тунг.
„Но, да го даваш животот за Александар Вучиќ, да го сакаш повеќе Вучиќ отколку Косово, да им велиш на Албанците дека ‘Отворениот Балкан’ на Вучиќ им обезбедува леб, бидејќи тој ќе ни даде пченица, за која постојат потпишани договори, тоа преминува секоја граница на дипломатската сервилност.“
„Ова покажува и дека Албанија стигнала до ужасниот крај на своето постоење.“