„Вчера го ископавме леталото и дојдовме до нови информации кои на почетокот не беа познати… авиобомбата имаше 40 килограми експлозив“, соопшто хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ кој повтори дека не станува збор за извидувачко летало, јави Индекс.хр..



„Таа бомба експлодирала под земја, забивајќи во земјата. Кратерот не е толку голем поради структурата на земјата во која се урна леталото и видот на бомбата. Бомбата имала кумулативен карактер па не се распрснала, а тој кумулативен млаз се проширил до длабочините на земјата“, рече министерот.

Медиуми поставуваат прашања што би се случило доколку наводно „извидничкото летало“ удрел на асфалт или во станбена зграда.

Утрово беше затрупан кратерот направен од дронот што се урна во четвртокот вечерта во Загреб во близина на студентскиот дом на Сава.

Во тек е истрага која треба да ги открие сите детали за невиден инцидент кој по чиста среќа не заврши со голема трагедија.