ТВ Алсат: „Во Тирана протести против поскапувањата, а во Тетово ора и песни – опозицијата допрва ќе протестира…“

„Во Албанија продолжуваат протестите против поскапувањето, а во Тетово, во Македонија, атмосферата е поинаква: се одржуваше манифестација со ора и песни. На оваа манифестација присуствуваше градоначалникот и лидер на Движењето Беса Биљал Касами.“ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Во Тирана протести, во Тетово – ора: Касами вели дека опозицијата ќе излезе на улица, ако Владата не одговори“.

ТВ Алсат пишува: „Касами беше запрашан: дали ќе беше подобро да имаше протест за поскапувањето од вас, како лидер на опозициска партија? Тој одговори: ‘Ова е мисија, во случаи на радост и културни активности во вакви кризни времиња, вреди да го одбележуваме нашето минато и треба да се занимаваме и со сегашноста. Во консултација сме со другиот дел од опозицијата и секако дека ќе имаме соодветен одговор за општата економска криза.“

„На Билал Касами му беше поставено и уште едно прашање: дали ќе излезе опозицијата на улица?’ ‘Да, секако, ако оваа Влада не одговори на барањата на граѓаните, ние ќе го пренесеме нивниот глас, протестирајќи.’ – додаде лидерот на Беса Касами.“

„Во Македонија цената на нафтата е речиси двојно повисока, а заедно со неа и цената на прехранбените производи. Иако Владата го намали данокот на додадена вредност за нафтата, граѓаните повторно се жалат дека цените се високи според стандардот.“