Девет загинати, над 50 повредени во напад на центар за обука во близина на украинско-полската граница

Девет лица загинаа, а 57 се повредени во гранатирање на воениот полигон Јаворов на 10 километри од полско-украинската граница кај Лавов.



Информацијата ја потврди гувернерот на Лавовската област.

Првично беа пријавени две ракети, а потоа осум ракети истрелани од Русија на полигонот. Последователно, информациите се за 30 проектили, тие не се официјално потврдени.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека странски воени инструктори работат на воениот полигон Јаворов. Тој го нарече нападот нов терористички напад врз мирот и безбедноста во близина на границата ЕУ-НАТО.

Нападот на воената база во близина на Полска дојде откако заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков вчера предупреди дека западните конвои со оружје и воена опрема за Украина Русија ги третира како „легитимни цели за напад“.