Украина-Русија: Дали 4-та рунда преговори ќе донесе компромис

Михаил Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, вели дека Москва и Киев се приближуваат до компромис во преговорите.



Според член на украинската преговарачка група, страните во дијалогот почнале да подготвуваат договори чии детали се уште не се откриени, пренесе РИА Новости.

Веднаш штом ќе се разработат правните формати, ќе биде закажана средба, односно четврта рунда преговори.

„Тоа може да биде утре, задутре. Разговаравме за сите прашања, сега се обидуваме тие прашања да ги спакуваме во некои правни формати“, рече Подољак за „Комерсант“.

Тој истакна дека во разговорите треба „да се земат предвид безбедносните гаранции што сака да ги добие и Руската Федерација, која има свои стравови во врска со голем број глобални воени сојузи“.(Слободен печат)