Абрамович „ја скри“ јахтата во Црна Гора за да не му ја конфискуваат (ВИДЕО)

По санкциите на Велика Британија кон Русија поради агресијата кон Украина, властите во Лондон го замрзна целиот движен и недвижен имот на рускиот олигарх и поранешен сопственик на „Челзи“, Роман Абрамовиќ.



Сѐ освен неговата суперлуксузна и моќна јахта „Соларис“ вредна неверојатни 500 милиони евра.

Како што пишува France 24, Абрамовиќ успеал навреме да го „засолни“ овој џиновски брод во Црна Гора, поточно во Тиват, каде што моментално е закотвен.