Киев обвинува: Србија профитира од пролеаната украинска крв!?

Сериозно обвинување упати украинскиот заменик министер за надворешни работи Емине Џепар., на адреса на српските власти.



„Српската авиокомпанија Србија ги удвои своите летови до Москва во последните денови бидејќи сите европски авиокомпании воведоа санкции кон Москва, а Европската унија го затвора небото за сите руски авиони“, вели Џепар.

: Србија е единствената отворена земја со отворено небо за Русија во Европа.

Целосно е недостојно една земја да заработува од крвта на луѓето, дури и повеќе од земја кандидат за ЕУ“, напиша Џепер.

Британски Гардијан вчера откри дека Русите користат таканаречена „српска задна врата“ за да ја заобиколат забраната за летови до и од Русија ширум ЕУ.

Државната компанија „Ер Србија“ го удвои бројот на директни летови од Москва до Белград на 15 неделно за да ја задоволи зголемената побарувачка, откако ЕУ ги забрани руските авиони и авиокомпании од нејзиниот воздушен простор поради инвазијата во Украина.

Србија не е членка на ЕУ и одби да воведе санкции кон Русија, но нејзините авиони можат слободно да го преминат воздушниот простор на ЕУ.