„Граѓаните на општина Центар Жупа на 17 април ќе треба повторно да изберат градоначалник. На изборите во октомври минатата година не беше постигнат потребниот цензус, оти помалку од една третина од запишаните избирачи го искористија своето избирачко право. Градоначалникот, кој сега раководи со општината како повереник-претставник на Владата, но и како кандидат за нов мандат, смета дека и овие избори веројатно ќе пропаднат. Повеќе од половина од населението емигрирало во Западна Европа, главно во Италија.’ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Локалните избори во Жупа и Маврово-Ростуша пред нов неуспех“.
На својотинтернет-портал ТВ Алсат пишува: „…Треба да дојдат од Италија на гласање и повторно постои опасност истите избори да бидат неуспешни.’ – рече Арјан Ибрахим, градоначалник на Центар Жупа. Тој вели дека најдобро е изборите да се одржат во текот на август, односно на 7-ми или 14-ти во тој месец, кога иселениците ќе дојдат во родниот крај. Побарано е од Владата да дозволи такво нешто, но засега нема одобрение. Потребни се законски измени. Во слична ситуација е и општина Маврово-Ростуша каде во април ќе се одржат локални избори.“
„Нашето барање беше да се намали цензусот на 25 отсто, бидејќи мислиме оти ќе има толку бирачи. Барањето на општина Ростуша е од аспект на локални избори, да се добијат резултатите од пописот и врз основа на тој попис, да се направи промената…“ – изјави Аријан Ибрахим.
„Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски изјави за Алсат дека претседателот на Собранието ќе треба да распише нови избори за тие општини, ако повторно не се достигне изборниот цензус. Во меѓувреме Владата ќе назначи повереник-претставник. Даштевски лично смета дека потребниот изборен праг нема да се достигне ниту во април.“





