Малоку: „Со непризнавањето на Косово Вучиќ ја оддолжува можната војна со Албанците, но таа како да почнува сега!“

„Српскиот претседател Александар Вучиќ – ‘малиот Путин’ одби да воведе санкции кон Русија и го поддржа интегритетот на Украина, но поради српските интереси, кои тој и натаму ги проектира во Косово. Тој нема да ја признае независноста на Косово, бидејќи со запоставувањето на тоа признавање се одржува на власта до неговото пензионирање. Но, едновремено ја оддолжува можната војна со Албанците, која како да почнува сега и во овие околности… .Вучиќ знае дека албанско-српската граница ќе се помести се до „Црвена јабука’!“ – вели Фадил Малоку, професор по социологија и политички науки на универзитетите во Тирана и Приштина, во својата колумна со наслов „Можната албанско-српска војна ќе ја помести границата се до ‘Црвена јабука’!“, која ја објави косовскиот весник „Бота сот“.



Малоку пишува: „Србија воопшто не е заинтересирана за војна, за која знае дека ќе ја изгуби однапред…! Русија ќе излезе како победник од секое парче од тамошната територија. Но, во другите планови таа ќе загуби… Русија ја испланирала инвазијата во Украина како брз воен ангажман, но е многу веројатно оти таа ќе трае со месеци. Ова потоа ќе се оневозможи да се отворат други фронтови, па и на Балканот.“

„Унгарија, Хрватска и Бугарија застанаа на страната на ЕУ и НАТО. Тоа значи дека Путин нема теоретски шанси да отвори коридор кон Балканот, без разлика дали по копнен или воздушен пат.“