Моето срце ми вели дека не можеме да ја оставиме Украина сама, но тешко е Бугарија да им се придружи на своите сојузници во испораката на оружје до Киев, изјавил премиерот Кирил Петков во интервју за „Политико“.
„Бугарија повеќе не е мека земја која само ги балансира своите постапки“, рече Петков нешто повеќе од една недела по војната на Владимир Путин со Украина. „Сите сакаме да ја видиме Бугарија како силна членка на НАТО и ЕУ, што не е непредвидливо, зборувајќи во еден глас“, пренесува делови од интервјуто БГНЕС.
Петков рече дека Украина „ќе го добие мојот глас денес“ за да стане земја кандидат за членство во ЕУ.
„Срцето ми кажува дека не можеме да ја оставаме Украина сама“, рече тој.
Но, додека Бугарија „целосно ги поддржува“ сите санкции против Русија досега, Петков сигнализираше дека сè уште треба да се земе предвид политичката чувствителност дома. Тој призна дека ќе биде тешко за неговата земја да им се придружи на сојузниците во испраќањето оружје во Украина.







