Венецуела ќе им продава нафта на САД

Производството на нафта во Венецуела би можело да се зголеми за најмалку 400.000 барели дневно доколку САД ги одобрат барања од партнерите на државната компанија PDVSA за трговија со венецуелска сурова нафта, пренесува Ројтерс.



САД ќе ги олабават санкциите кон Венецуела – во замена за нафта

Зголемувањето ќе овозможи производството на нафта во членот на ОПЕК, кое според официјалните бројки во просек изнесуваше 755.000 барели дневно, да се приближи до околу 1,2 милиони барели дневно, рече претседателот на Венецуелската стопанска комора Рејналдо Кинтеро.

Претставниците на Соединетите Држави се состанаа со венецуелскиот претседател Николас Мадуро минатиот викенд и побараа од земјата да обезбеди барем дел од извозот на нафта во Соединетите држави – како дел од договор договор за олеснување на санкциите за трговијата со нафта наметнати на земјата во 2019 година.