Рама ги блиндираше вратите на кабинетот во Тирана спроти денешниот протест на граѓаните поради поскапените бензини!

„За денес во 11 часот во Тирана е најавено дека ќе се одржи национален протест. Луѓе од цела Албанија ќе се соберат пред кабинетот на премиерот Еди Рама, за да протестираат поради поскапувањата. Премиерот презеде мерки и уште од вчера ги блиндираше вратите на објектот, каде што се наоѓа неговиот кабинет.“ – јави весникот на албански јазик „Лајм“.



Инаку, Рама преку објава на општествените мрежи се огласи со тврдење дека не протестира целиот народ, туку само мал дел од него. Рама напиша: „Овие протести се низок обид на истите сенки од минатото, да се манипулираат луѓето. Ова не е народот, туку истото бучно малцинство во потрага по хаос!“

„Лајм“ пишува: „Денеска ќе биде четврти ден по ред на протести во Тирана и во другите големи градови, бидејќи граѓаните се противат на поскапувањето на нафтата, што последователно доведе до зголемување на другите цени, на прехранбените производи и друго. Вчера во Тирана се собраа десетици граѓани, кои останаа околу 2 часа пред премиерскиот кабинет. Тие го попречуваа движењето на возилата и потоа интервенираше полицијата.“

„Вчера имаше напната ситуација и во Драч: граѓаните ги блокираа градските улици и дојде до судири по пробивањето на полицискиот кордон, а целта им беше да го блокираат автопатот Тирана-Драч.“