Идризи: „НАТО го губи кредибилитетот како најголема воена сила во светот, оти не дејствува во војната во Украина“

„Иако во последниве години со најголем ентузијазам ЕУ и САД и искажуваа поддршка на Украина на нејзиниот пат кон зачленувањето во Унијата и во НАТО, сега ЕУ ја губи својата кредибилност, поради неспроведувањето на усвоените економски санкции кон Русија во сегашнава војна со неа. Својата кредибилност ја губи, исто така, и НАТО како најголема воена сила во светот, поради недејствувањето во таа воена криза.“ – вели политичкиот аналитичар Рамадан Идризи во својата колумна со наслов „Русија ја прави Европа своја колонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

Идризи пишува: „Украинците работеа напорно, за да се оттргнат од руската политика. Во последната деценија на многу средби со лидерите на Европската Унија и САД добиваа гаранции дека ќе имаат поддршка од САД и од Европската унија, ако се соочат со руската војска. Но, тие погрешија, верувајќи во тоа, бидејќи од ветената поддршка не бидна ништо.“

„Само економските санкции не му помагаат на народот на Украина. Тие не го даваат потребниот резултат, бидејќи ЕУ се воздржува од практичното спроведување. Ова се однесува и на Германија и други држави.“

„Притоа Русија не се откажува од своите колонијалистички цели. Предводена од Путин, таа посакува во најблиска иднина целата Европа да биде во нејзина милост и да биде зависна од руските природни и земјоделски ресурси.“

„Во последниве години високите функционери на САД и ЕУ на секоја средба со нејзините претставници ја поддржуваа Украина со најголем ентузијазам на нејзиниот пат кон НАТО и кон членството во Европската унија. Но, со своето недејствување во оваа воена криза, исто така, и НАТО го губи кредибилитетот како најголема воена сила во светот.“ – заклучува Идризи.