„Како и ВМРО-ДПМНЕ, и Алијансата за Албанците подготви неколку амандмани во однос на новите антикризни мерки за ДДВ и акцизи. Тоа се мерки, кои ги предложува оваа партија, заради заштита на граѓаните од огромното поскапување на горивата и храната.“ – се вели во нејзиното соопштение, кое го пренесе информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
„Журнал“ пренесува: „Предлозите на Алијансата на Албанците се:
„За дизел-горивото акцизата од 15,5 денари да се намали на 9 денари!“
„За бензините акцизата да се намали од 22 на 15 денари!“
„Данокот на додадена вредност за двата вида горива да се намали од 18 отсто на повластена стапка од 5 проценти!“
„Со овие предлози на малопродажниот пазар во сегашните околности бензинот ќе има цена од 77 денари, а дизелот 79,5 денари.“





