Руската инвазија на Украина ја загрозува жетвата.
Украинските земјоделци, кои произведоа рекорден род на житни култури минатата година, велат дека сега им недостасуваат ѓубрива, како и пестициди и хербициди.
А дури и да имаат доволно од овие материјали, немаат доволно гориво за да возат земјоделски машини.
Елена Нероба од Maxigrain рече дека приносите на зимската пченица во Украина би можеле да паднат за 15% во споредба со последните години, доколку не се наѓубрат сега.
Дел од земјоделците предупредуваат дека ситуацијата може да биде многу полоша. Според нив, приносите на пченицата би можеле да паднат за половина, а можеби и повеќе, што ќе има последици многу подалеку од Украина.
Земјите како Либан, Египет, Јемен и други почнаа да се потпираат на украинската пченица во последниве години. Војната веќе доведе до нагло поскапување на пченицата – за 50% во последниот месец.







