Зејтинот во Косово со највисока цена на светот

Еден литар масло за готвење во Косово вчера се продаваше по цена од 3,49 евра. Косовскиот премиер Албин Курти вчера изјави дека цената е највисока во целиот свет.



Цената на маслото во Косово астрономски се зголеми за само два дена, од 1,6 евро на 3,49 евра.

Косовските медиуми правеа споредби со цените на маслото со други земји и известуваа дека во Македонија еден литар масло чини 1,59 евро, во Англија 1,3 евро, а во Германија 1,79 евро.

Косовскиот премиер Курти вчера истакна дека цената е вештачки создадена и дека е покачена на штета на потрошувачите.

  • .