Поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, (во 2018 фатен при обид на шверц на цигари) минатата недела заедно со уште едно физичко лице основал претпријатие за производство на електрична енергија „Бојана Енерџи“, дознава порталот “Фактор“.



Во Нов Дојран е регистрирана компанија со истата дејност со назив „Агатон Енерџи“ а еден од двата сопственици е Ангов Консалтинг Гевгелија, фирма на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Трајче Ангеловски, функционер од Крива Паланка кој во ноември 2020 беше именуван од Владата за директор на Аеродроми на РСМ, е еден од тројцата основачи на „Енерго Солар Систем“, претпријатие за производство на електрична енергија.

Во Битола се формирани две претпријатија за производство на електрична енергија – ММ „Солар“ и „МИВМ Солар Гроуп“. Еден од сопствениците на двете фирми е Миле Јончевски, познат како гласноговорник на Општинската организација на СДСМ од Битола, кој за време на претходната власт алармираше за состојбите на РЕК Битола.