„Во Тирана во текот на вчерашниот ден, 10.февруари, се засилија масовните протести против поради галопирачките поскапувања на нафтата, нафтените деривати и прехранбените производи. Втор ден по ред се протестираше главно пред Претседателството на Владата на Албанија, но и во други реони на Тирана. Дел од учесниците во протестите се судрија со полицијата. Интервенираа специјалните полициски единици за брза интервенција, за да се смири ситуацијата. Стотици граѓани учествуваа во протестите, а 16 се приведени во полицијата. “ – јави во својата видео-информација ТВ АБЦ Њуз.ал.
На својот интернет портал ТВ АБЦ Њуз.ал пишува: „Десетици приведени има и по протестите во Драч. Од обезбедените фотографии и видеа се гледа како полицијата насилно ги зема демонстрантите, кои седат на улица, додека останатите демонстранти извикуваа: ‘Срамота!’ Полицијата насилно приведе во полицискиот комесаријат и две жени во Тирана. Најавени се нови протести и за утре во Тирана и другите големи градови. во Албанија.“





