„Во Тирана и другите поголемите градови во Албанија втор ден по ред се одржуваат протести, поради поскапувањата на нафтата – блокирани се некои патни оски.“ – јави ТВ Топ Ченел.
ТВ Топ Ченел пишува: „Денеска е втор ден како граѓаните протестираат пред Претседателството на Владата во Тирана, поради зголемувањата на цената на нафтата. Граѓаните на Албанија од вчера одржуваат протести не само во Тирана, туку и другите големи градови во државата. Протестите продолжија и денес, а се најавени секој ден натаму, се додека не се намалат цените на нафтата и дериватите. Во главниот град имаше најголема излезност.“
„Под мотото ‘Ниту левица, ниту десница, туку народ’, граѓаните во Тирана побараа од Владата намалување на даноците, субвенции и замрзнување на цените на кошничките производи. Има барања и сосема да се укине данокот на нафтата, за да се намалат цените на другите производи. Граѓаните најавија дека в сабота ќе има марш во Тирана во 11 часот.“
„Паралелни протести се одржуваат и во другите градови на Албанија. Во Лушње десетици демонстранти се собраа на кружниот тек во знак на протест поради поскапувањето на нафтата. Демонстрантите го блокираа сообраќајот на патната оска Рогожина-Лушње. Бројни полициски сили преговараат со нив да се отвори патот. На вториот ден од протестот во Драч блокиран е влезот и излезот во градот. Голем број граѓани го изразуваат незадоволството поради поскапувањето.“
„Исто така, и во Корча жителите попладнево се кренаа на протест, бидејќи бараат пониски цени, особено на нафтата. Протестираат и земјоделците од областа Девол, кои велат дека со овие цени на нафтата не е можно да произведуваат. Стотици граѓани на Скадар попладнево излегоа на протест против поскапувањетона нафтата. Тие го блокираат сообраќајот со исклучување на возилата во градот и бараат одговор од Владата. Со транспаренти во рака побараа и намалување на цените на прехранбените и други производи, кои поскапеа последните денови.“
„Студот и снегот не ги спречија ниту жителите на Булќиза попладнево да протестираа. Тие побараа намалување на цената на нафтата, како и на цените на другите производи, кои исто така поскапеа. Интервенираше полицијата. Цените на горивата продолжуваат да уриваат рекорди во Албанија. Во средата цената на нафтата достигна 260 албански леки за еден литар, односно, 2,09 евра. Во последните три месеци поскапеа и сите производи, кои се дел од прехранбената кошница.“





