„Сакаш ти да бомбардираш со два бојлери или некој друг?“, реагираше српскиот претседател на изјавата на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај дека Белград ќе биде бомбардиран доколку и еен српски војник влезе во Косово, пренесе Б92.
Тој одби да ја коментира изјавата.
Харадинај: Белград ќе биде омбардиран доколку…
„Немам коментар за глупости… Доволно е да се види што сакаат од Србија, а Србија ќе ги задржи мирот и стабилноста.
Она што е нашата сила се сите наши фабрики, патишта, железници, болници, нашата сила е и нашата армија и таа ќе биде се посилна и посилна“- рече претседателот.
Екс-премиерот на Косово и лидер на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека „знае дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да изврши инвазија на територијата на Косово“, и дека Белград ќе биде бомбардиран како во 1999 година, ако нешто слично се случи пренесе Косово Онлајн.







