На денешната шеста седцина на Советот на Град Скопје советниците не го усвоија годишниот извештај на реализирани средства за 2021 година. Тие велат дека бифтеците на Шилегов не се за гласање, пренесе Инфомакс.
Советниците изнесоа низа забелешки за трошењето на средствата во Град Скопје од страна на претходниот градоначалник и претходниот состав на Советот.
Беше споменато дека градот има мал процент на реализација на самофинансирачки инвестиции, а од друга страна буџетот бил дополнително оптеретуван со кредити кои како што велат советниците се трошеле за ручеци и бифтеци.
Бројот на реализирани капитални инвестиции е мал, само 13 предвидени инвестиции кои не се во целост реализирани, а за нив биле потрошени астрономски суми на пари.





