„Русија не мирува, туку прави планови за напади и врз други држави. Албанија, Црна Гора и с.Македонија се ставени на ‘црната листа’, на списокот на непријателски настроени земји и територии, кои воведоа, или се приклучија на санкции против Русија по започнувањето на специјалната воена операција на руските оружени сили во Украина. Косово е поврзано со балканските земји, за кои и Србија и Русија сакаат да ескалира ситуацијата на Балканот.“ – вели безбедносниот експерт Хајрулах Трнава.“ – објави косовскиот весник „Бота сот“.
„Бота сот“ пишува: „Покрај војната против Украина, Русија прави планови за напади особено против земјите од Западен Балкан, како изговор за конфликтот во 1999 година, во кој НАТО ја бомбардира Србија според резолуцијата 1244 на ОН, а Косово ја прогласи својата независност. Ако Балканот биде нападнат, како што спомнува Русија, лесно може да се каже дека ќе се случи Трета светска војна: многу од овие балкански земји се членки на НАТО пактот, а тие имаат гаранција дека овој сојуз ќе ги заштитува.’ – нагласува Трнава во изјава за ‘Бота сот“.





