Во Втората светска војна Гебелсовата нацистичка пропаганда се разработува до перфекција потпирајќи се на психолошката војна и навлегува во сите сегменти на општественото живеење – пишува Ѓорѓи Чакарјаневски за Плусинфо.
По примерот на Германија, Бугарија развива силен пропаганден апарат кој делува преку Дирекцијата за национална пропаганда. Одлуката за организацијата и задачите на Националната пропаганда била објавена на 5 април 1941 година. Таа имала централна управа, администрација, посебни оддели и главен инспектор, а се појавува како орган за агитирање и пропаганда на политиката и културата на бугарската држава. Оттука е и нејзината одговорност и на политичарите, а со тоа и на државата за донесените одлуки и делата сторени во војната.
Познато е дека во пропагандна смисла, весниците имаа огромно значење. Во окупирана Македонија од страна на фашистичка Бугарија посебно место имаше весникот „Целокупна Бугарија” во кој Дирекцијата, и државата, имаше полна контрола и силно влијание. Весникот на територијата на окупирана Македонија излегувал од 24 мај 1941 година до 31 август 1944 година и бил печатен во 5.000 примероци.
Во воениот период меѓу другото, во него ќе биде третирано и еврејското прашање кое во Втората светска војна стана уникатно по своите злодела, а иницирано од нацистичка Германија и поддржано од нејзините сојузници во случјов фашистичка Бугарија, нешто што и за време на војната и особено по неа, а и денес, наидува на силни осуди на светската демократска јавност.
Евреите не смеаат да соопштуваат вести
Првиот напис во весникот „Целокупна Бугарија”, поврзан со Евреите во Македонија под наслов „Ограничувања на лицата од еврејско потекло – Наредба на министер Габровски” е објавен на 27 јуни 1941 година. Во него, а имајќи ги во предвид релациите и односот кон Евреите на нацистичка Германија, и на земјите сојузнички на неа, се создава анти еврејско расположение инкорпорирано во бугарското законодавство, а реализирано преку издадените бројни закони и наредби на министерството за внатрешни работи и народно здравје и преку него до директорите на полицијата, односно обласните директори во регионите на Царството.
Во написот ќе биде потенцирана потребата од донесување на посебна наредба важечка само за Евреите со која им се забранува „да соопштуваат било какви вести и да разгледуваат политички и општествени прашања; да се движат по улиците и да посетуваат опшествени и јавни места од 21 часот навечер до 6 часот наутро.
Целиот текст на следниот линк:
https://plusinfo.mk/kako-celokupna-bugari-a-izvestuvala-za-progonot-na-evreite/





