Меѓу трите жртви во вчерашниот напад на детската болница во Мариупол има и шестгодишно дете изјави за Би-би-си заменикот градноначалник, додавајќи дека во нападот се повредени 17 лица.



„Последната информација која ја имаме за жртвите е дека поголемиот дел од посетителите биле во засолниште. Меѓу повредените главно се трудници и лекари кои работат во болницата“ – вели Сергеј Орлов.

Нападот во Мариупол дојде во време додека десетици илјади украински цивили се обидуваат да ги напуштат областите кои се под постојано руско бомбардирање.