Дивите таксисти, вртоглавиот раст на цената на цената на нафтените деривати и зголемување на минималната плата го сотре бизнисот со такси превоз во земјава. Асоцијацијата на такси компании денеска од Штип порача дека трошоците им се зголемени за 45 проценти. Побараа намалување на акцизите на нафтените деривати, а инспекторите да излезат на терен за да од улиците ги отсранат дивите таксисти. Кризата и нелојалната конкуренција изминатите месеци натера 20 компании да стават клуч на врата.
Доколку Владата не им излезе во пресрет на барањата очекуваат во наредните две недели да се затворат уште триесетина такси компании во земјава. Снабдувачите на нафтени деривати и остантите фирми со кои соработуваат за одржување на возилата бараат авансно плаќање. Муштериите деновиве ги известиле дека доколку сакаат секојдневен превоз со нив ќе мора да си платат на почетокот, а не на крајот на месецот. Побарале од општините зголемување на цените на такси услугите.





