Директорот на регулаторната комисија, Марко Бислимовски, во гостувањето на ТВ Телма вечерва рече дека новата цена на горивата ќе стапи на сила од полноќ.
Пресметката се базира на методологија која се прави врз основа на котации на берзата во рок од 5 дена.
Тој не сакаше да шпекулира, но подвлече дека во минатите денови се случува пораст на цената на горивата на светските берзи, особено на дизелот.
„Имавме незапамтено зголемување, некаде од 100 долари на ден, што во историјата од кога постојат берзите, такви драматични порасти не постоеле“, изјави првиот човек на Регулаторната комисија, Бислимовски во емисијата „Топ тема“ на Телма.







