Забрана: Британски војници не смеат да се борат во Украина

Министерството за одбрана на Велика Британија го предупреди персоналот дека им е забрането да патуваат во Украина и дека тие што ќе прекршат ќе бидат дисциплински казнети.



„На целиот службен персонал му е забрането да патува во Украина до понатамошно известување. Ова се однесува без разлика дали службеникот е на одмор или не. Персоналот кој патува во Украина ќе се соочи со дисциплински и административни последици“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Предупредувањето уследи по извештајот на The Sun во кој се наведува дека 19-годишен гардист напишал проштално писмо до своите родители и купил билет за Полска во текот на викендот, со намера да премине во Украина.

Се верува дека тој е еден од четворицата британски војници за кои се верува дека дезертирале и најверојатно е на пат за Украина, каде Русија спроведува специјална воена операција за „демилитаризација и денационализација“ на земјата.