„До пандемијата умираа околу 1.200 корисници на пензија просечно месечно, а сега за време на пандемијата месечно умираат над 1.800 корисници на пензија. Со тоа се зголеми бројот на примателите на посмртна помош и времето на чекање на исплата на отпремнината“, објаснуваат од Одборот на регистрирана организација за солидарен фонд и членарина за „Слободен печат“.
Петте илјади денари за посмртнина што им се намалени на пензионерите од солидарниот фонд ќе им бидат дополнително вратени на семејствата кога фондот ќе се стабилизира, затоа што одлуката е привремена.
Парите за посмртнина не се трајно намалени и според одлуката, семејствата на починатите ќе ги добијат во јули доколку во меѓувреме не дојде до промена на времената мерка, пренесува „Слободен печат“.






