САД ја одбиле Полска од база на НАТО да летаат руски „МИГ-ови“

САД ја одбила „понудата“ на Полска нејзините стари руски авиони „МИГ-29“да бидат префрлени во американската база во Рамштајн, а оттаму во Украина.



„Можноста авиони да полетуваат од база на САД и НАТО кон воздушниот простор на Украина оспорен од Русија предизвикува сериозна загриженост за целата алијанса. Ќе продолжиме да се консултираме со Полска и останатите сојузници по ова прашање, но не веруваме дека полскиот предлог е одржлив и рационален“, кажа портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Украина успеа да зачува значаен дел од своите воздушни сили од почетокот на руската инвазија пред 14 дена, кои се состојат од авиони од советско производство „миг 29“, „сухој 27“ и „сухој 25“.