Член на владата рекламира приватна фирма од министерски профил

Направи ли грешка министерот за Економија Крешник Бектеши или свесно промовираше и бесплатно рекламираше приватна фирма од неговиот официјален министерски профил?.



,,Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија не ја покачуваат цената на лебот и таа останува од 25-27 денари.

Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови.

А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата”, напиша Бектеши споделувајќи пост на фирмата Кипер.

Вообичаено член на влада не би требало да издвојува една фирма особено што во случајов има повеќе такви кои ги задржуваат старите цени во интерес на граѓаните.

Случајот со Бектеши сега треба да го анализира владиното тело кое беше формирано пред повеќе од две години од актуелната влада а кое треба да ја анализира етичноста на министерот кој ,,де факто” од позиција на министер направи бесплатна реклама на само една фирма.

Линк до постот на Бектеши на кој реагираат повеќе граѓани.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=508158040676337&id=100044464358055

Реакции на граѓани

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159342556127034&id=616722033