,,Спрдачење со Македонија”: Каракамишева не може да поверува дека во Лондон на Петровска и свиреле песна а не химната

Повикувајќи се на меѓународен протокол професорката Тања Каракамишева Јовановска не може да поверува дека на министерката за одбрана Славјанка Петровска на официјална средба во Лондон наместо химната британскиот воен оркестар и ја свирел народната ,,Јовано Јованке”.



Според професорката ако е тоа точно (А Петровска објави дека е точно) се работи за подигрување со македонската држава

,,Чекајте, дали на Славјанка навистина и ја свиреле Јовано, Јованке на официјален прием во Лондон? Кажете дека е зафрканција, бидејќи ако е вистина ова е спрдачење со нашата држава левел 1000! 🙈🙈🙈”, пишува Каракамишева која прашува: ,,Што е ова, не стварно, дали е вистина? Читам и не ми се верува до кое дно дојдовме!”.

Несвирењето на македонската химна на официјалната средба во Лондон доаѓа по неколку инциденти со химната во која беше прескокнуваат првата строфа со Гоце Делчев по што кај дел од јавноста постои чувство дека власта намерно ја избегнува химната со цел да не се иритира Бугарија.

Министерката Петровска објави видео од настанот од кое се гледа дека навистина се свири Јовано Јованке. Во твитот не се објаснува зошто не е свирена химната.

Приврзаниците на СДСМ тврдат дека изведбата на ,,Јовано Јованке” не е грешка затоа што според дипломатскиот протокол кога се работи за стоење на функционери се свири химна а кога се прави смотра на војници во движење се свири чекорница.

Видеото:

Во некои коментари на читатели на темата на шега се предлага следниот пат да се свири ,,Черешна се од корен корнеше”.

https://www.facebook.com/667988173255109/posts/4948397455214138/