Три лица загинаа во невремето Oфелија кое го зафати западниот брег на Ирска со силен ветар од 150  километри на час. Експертите предупредуваат дека ова може да биде една од најопасните и најмоќните бури во последните 50 години, уште од 1961 година, кога бурата Деби усмрти16 животи.




И
рскиот главен град Даблин денеска е чудно пуст. Улиците се празни, голем број патишта се затворени како и градинките, училиштата, факултетите. И повеќето продавници останаа затворени. Поради невремето Офелија, целиот јавен превоз беше суспендиран, па по девет часот наутро запреа најголем дел од автобусите и возовите.

„Сакам да биде јасно дека ова е национална криза, предупредувањето се проширува на сите области, градови и региони“, предупреди премиерот Лео Варадкар изразувајќи загриженост дека „луѓе може да мислат дека бурата е помалку сериозна отколку што беше најавувана“.


Исто така, ирската метеоролошка служба издаде најголемо, црвена опасност и ги повика сите жители да не ги напуштаат своите домови.