Хоџа: За Османи, купувањето од „Лукоил“ е финансирање на војната на Русија, а МНР зема гориво од нив!

„И како да им веруваш на овие кога постапуваат поинаку од она што го зборуваат во јавноста!? Таков е и случајот со Бујар Османи, кој рече дека секое купување на бензински пумпи во сопственост на Русија е директно финансирање на нејзините воени операции во Украина. Сите се согласуваме со тоа.“ – реагира Аријанит Хоџа, генералниот секретар на опозициската Беса, во објавата на на својот фејсбук-профил, во која натаму нагласува:



„Но, Министерството раководено од Бујар Османи има договор за снабдување со гориво со руската компанија ‘Лук Оил’, па го прашувам: дали стои и натаму на она што го рекол дека купувањето гориво од руска компанија ја помага војната на Русија против Украина!? Од што, следствено на договорот што го потпишал, произлегува и дека Министерството за надворешни работи и помага на Русија!?“

„Има и многу државни институции, па и оние раководени од кадри на ДУИ, кои имаат договори со руската компанија ‘Лук оил’. Затоа, пред да ги советува граѓаните Бујар Османи нека се корегира самиот себеси.“

„Народната поговорка ‘Ја убиваат ноќта и го расплакуваат денот’ се однесува токму на политичарите како Бујар Османи, кои поинаку зборуваат и поинаку постапуваат!“