„Меѓународната корпорација за производство на канабис ќе ја произведе првата серија на медицински канабис за извоз во декември“, изјави директорот на компанијата Алехандро Анталич.
Фирмата е со седиште во Монтевидео, а произведеното масло од канабис ќе биде пласирано во Канада и Мексико, но и ќе има за домашниот пазар.

„Нашата главна цел е да се извезува. Но, ако Министерството за јавно здравство смета дека тоа може да биде комерцијализирано и во домашниот пазар, тоа и ќе го сториме”, изјави Алехандро.
Извозот на масло од канабис е нов економски сектор во Уругвај, мала јужноамериканска земја која во 2013 година прва во светот ја легализираше марихуаната, од одгледување и дистрибуција.
Во согласност со Уругвајскиот закон, медицинскиот канабис може да се извезува.

Следниот месец Меѓународната корпорација за производство на канабис ќе започне изградба на лаборатории во новиот индустриски парк во предградието на Монтевидео, а лабораторијата треба да биде завршена до април, изјави Алехандро.





