Димитров за Украина: Должност ни е да бидеме на вистинската страна на историјата

Поранешниот министер за надворешни работи, а потоа и за евроинтеграции, Никола Димитров, реагира за предупредувањето од Русија дека внимателно ги евидентира сите случаи на русофобија, оценувајќи дека за такво нешто во Македонија не станува збор.



„Моите реакции ќе беа исти ако беше која било друга земја. Должност ни е да бидеме на вистинската страна на историјата и да бидеме поддржувачи на важни принципи“, изјави Димитров во „Топ тема“ на ТВ Телма, објаснувајќи го застанувањето зад Украина во војната со Русија.