Вообичаено е секој понеделник новите цени да се објават до пладне, но овој пат регулаторот немаше информација за јавноста ниту доцна попладне.



Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не се меша во работата на Регулаторна комисија за енергетика/=, пренесе Фактор

„Денес имаме рекордно највисоко ниво на електрична енергија и на нафтата, а во однос на одлуките на РКЕ не знам и не се мешам. Таа треба да ги носи одлуките согласно методологијата“, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

На прашањето зошто на одредени бензински станици нема доволно гориво, Ковачевски додаде дека се работи за „воено профитерство“.

– Кажав пред два дена дека има голем дисбаланс во цените., Има непречено снабдување во Македонија и нема прекин во синџирот на набавки, односно има доволни количини на бензинските пумпи и државните резерви. Тоа се случува од шпекулативни причини и сакаат веројатно да остварат воен профит во услови на носење на цената од страната на РКЕ. Тоа не го оправдувам ниту законски, ниту етички, изјави премиерот. Фактор