Грчева: „Османи и неговата тајфа не можат да ги исечат сите корени и пријатели на Македонија – малоумни се санкциите кон Русија!“

Со обвинувањето дека „малоумни се санкциите кон Русија, која ни го признава идентитетот“ претседателката на „Глас за Македонија“ и универзитетска професорка Солза Грчева вечерва реагираше на својот фејсбук-профил во врска со одлуката на Русија да ја прогласи Македонија како непријателска земја.



Грчева пишува: „Османи, со што кутрите ние воведовме санкции за Русија? Нема да извезуваме зелки?“
„Сега официјално Македонија е на списокот на земји, непријатели на Русија.“
„Нели беше доволно да го поддржиме суверенитетот на Украина, но ние санкции да воведуваме на една моќна, словенска, пријателска земја која ни го признава идентитетот? Малоумно.“
„Османи, ниту сме, ниту ќе бидеме членка на ЕУ. Не под овие услови.“
„Османи, ти лично и твојата тајфа, сакате сите корени и пријатели на Македонците да ги исечете? Не можете!!! “