Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на нови меѓународни санкции против Русија, пишува Ројтерс.
Тој предложи бојкот на руската нафта и на сите други руски продукти, како и запирање на извозот во Русија. Зеленски инсистираше на зголемување на економскиот притисок и повика на меѓународно трговско ембарго кон Русија.
„Бојкотирајте го увозот во Русија – ако тие не се придржуваат до цивилизираните правила, тогаш не треба да добиваат стоки и услуги од цивилизацијата – нека ги храни војната“, рече Зеленски.






