Москва ја прогласи Македонија за непријателска земја

Русија направи список со повеќе од 20 земји Руската влада направи список на непријателски држави, меѓу кои се најде и Македонија.



Меѓу непријателските земји се: САД, Украина, Европската унија, како и Австралија, Албанија, Андора, Велика Британија, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Република Кореја, Сан Марино,Македонија, Сингапур, Тајван, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија, објави ТАСС.

Претседателот на Русија во саботата потпиша декрет, според кој руската влада во рок од два дена треба да го утврди списокот на земји кои преземаат „непријателски дејствија“ против Русија.